Зошто стаклата на автомобилот замрзнуваат одвнатре
» Со големите студови доаѓа и замрзнувањето на стаклата на автомобилот. Но понекогаш тие се замрзнуваат одвнатре, што не треба да чуди или загрижува – не дошло до голем проблем кој не може да се реши. До замрзнувањето на стаклата одвнатре најчесто доаѓа заради тоа што во внатрешноста на автомобилот има премногу влага. Посебно ако имате теписи и тие се мокри, што се случува кога паѓа снег и влегувајќи во возилото ќе го внесете на чевлите. Тој брзо ќе се стопи и ќе ги намокри теписите, што е извор на влага. Затоа ако теписите се мокри, изнесете ги од автомобилот и исушете ги дома. Исто така извадете ја сета мокра облека од автомобилот и сé што би можело да има влага на себе.
Но и без влага кај некои постари возила со лоша изолација стаклата неретко ќе се замрзнат одвнатре. Тогаш сето ова нема да ви помогне. Кај таков автомобил отворете ја вратата и вклучете ја вентилацијата насочена да дува према ветробранското стакло, кое после треба да го пребришете со сува крпа. Не користете спреј за одмрзнување во ентериерот на возилото бидејќи тоа не е добро за него.