Автомобил за радостите кои животот ги нуди
» На салонот на автомобилите во Париз 2006 година Škoda го претстави концептот Joyster. Тогаш компактот со три врати ја откри визијата на марката како во иднина би можел да изгледа мал автомобил, а исто така и наголемо помогна во воведувањето решенија кои подоцна се искористија во развојот на бројни модели кои денес ги познаваме. Неговата лимон жолта боја покажа дека наместо кон конзервативните купувачи, Škoda сака да цели на динамични и млади луѓе. Заради своите интересни пропорции Joyster изгледаше поширок отколку што всушност е, со спортски изглед кој му го даваа краткиот превис на задниот дел, робусните и проширени крила и големите тркала чии димензии беа далеку над тогашниот стандард за таа категорија возила.
Како и кај претходните концептни модели како што се Roomster и Yeti, и Joyster имаше големи стакла и темни предни столбови, маската беше со доминантен изглед а светлата модерни со ЛЕД технологија. Под големиот стаклен покрив се сместени четири одвоени и анатомски обликувани седишта. Внатрешноста содржеше многу доволно големи места ситници, меѓу кои и кутии на задната страна на предните седишта кои можат да се извадат и со помош на интегрираните каиши да се носат како ранец. На средината на кокпитот на местото каде се очекува аудио системот се наоѓа посебна фиока наменета за лаптоп кој приклучен на возилото може да се користи за контрола на разни функции.
Иако сериското производство на овој концепт не беше амбиција на Škoda, постоеја шанси и тоа да се случи. Проектот беше откажан во 2007-мата со образложение дека не би бил економски корисен за компанијата.