Жолти светла на автомобилите

Зошто автомобилите имаа жолти светла?

» Некогаш многу порано, некои автомобили имаа жолти светла. Причината за нивното појавување се поврзува со втората светска војна во чие предвечерие француската армија сакајќи лесно да ги разликува окупаторските од домашните возила издејствувала пропис со кој се наложува сите возила регистрирани во Франција да имаат жолти светла. Сепак ниту еден официјален документ не го потврдува тоа. Ако се држиме до научните факти, тие велат дека жолтата светлина има поголема бранова должина од синкастата или виолетовата заради што е попродорна, помалку дифузна и создава помал одблесок, посебно во услови на магла. Но оваа предност започна да топи со воведувањето на халогените сијалички бидејќи тие мораа да имаат посебен филтер заради кој губеа до дваесеттина отсто од ефикасноста.

Денес светлата на автомобилите мора да се бели и жолти светла имаат само олдтајмерите и повеќе како украс некои тјунирани возила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *