Сам свој мајстор
 

Што можеме сами да смениме на нашите автомобили?

» Автомобилите некогаш одамна, се поправаа дома. Мајсторите беа ретки, скапи и презафатени, а народот знаеше (или мислеше дека знае) како сам да ги поправи. И навистина ги поправаше, со повеќе или помалку маки, зависно од среќата. Но денес ни практично ни теоретски  не е можно автомобил да се поправи дома заради сеприсутната електроника и бројните сензори. Што всушност можеме сами да поправиме на нашите автомобили?

Навистина многу малку. Дури и да знаете што работите, заради мноштвото електроника која е во меѓусебна комуникација еден погрешен потег да предизвика друг кој дијагностиката нема да може да го препознае како вистинска причина за дефектот. Затоа прво и основно правило е да не се чепка таму каде што не се знае што точно ќе излезе. На некои места и да сакаме да чепкаме, не можеме. Пример се светлата каде некогаш замената на сијаличка беше едноставна. Но ако вашиот автомобил има ЛЕД или ксенон светла, повеќе не е така.  Ксенон светлата на пример работат на дури 20.000 волти и ни теоретски не е можно сами да ги замените. Проблеми ќе прави и замената на акумулаторот, која во најблаг случај ќе бара репрограмирање на аудио системот. Но некогаш нема да биде само тоа – исклучувањето од напон некои електронски уреди на автомобилите ќе го регистрираат како обид за кражба и ќе исклучат сé што на конструкторот во тој момент му текнало – електричните стакла, далечинското отклучување и кој знае уште што не.

Како поедноставни работи кои секој кој што се разбира малку може да ги направи останаа замената на филтрите за воздух и бришачите. Секако, и додавањето масло е едноставно но не и неговата замена. Скоро истото може да се каже и за антифризот, а долевањето средство за миење на ветробранското стакло ќе остане засекогаш едноставно, но само доколку точно знаете каде треба да досипете без да ги измешате разните капачиња во моторниот простор.

До каде отидоа работите сведочи и менувањето пневматици. Имено, модерните автомобили се опремени со систем за контрола на притисокот кој функционира користејќи ги ABS сензорите. Тоа значи дека не го мери притисокот туку врз основа на бројот на вртежи на секое поединечно тркало пресметува дали притисокот во него е добар или не е. Затоа кога ќе се заменат па дури и кога ќе се допумпаат пневматиците мора да се притисне копчето за ресетирање на системот за контрола на притисокот на воздухот во нив, инаку сијаличката цело време ќе свети.

Најкратко можно кажано, одржувањето на автомобилите сега ни малку не е лесно како порано, како финансиски така и организациски…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *