На зима со зимски, на лето со летни
» Пневматици се еден од најважните фактори за безбедноста на возилото бидејќи го остваруваат контактот со подлогата. Замената на летните пневматици со зимски кога ќе дојде време за тоа не е заради снегот и мразот, туку затоа што кога температурите ќе паднат под +7° C летните пневматици ги губат еластичноста и својствата кои ги имаат во условите за кои се предвидени. Најважно е што патот на кочење се продолжува – при брзина од 60 km/h на -10° C за дваесеттина отсто, а при пониски температури и повеќе.