Тркач во цивилна облека
» Со покажувањето на првиот Porsche 911 GT3 во март 1999 година на салонот на автомобилите во Женева, за возачите кои бараат повеќе започна нова ера. Тој беше првиот 911 кој носеше потпис на тркачкото одделение на Porsche – развиен со помош на двојниот светски првак во рели Валтер Рерл и инженерот за трки Роланд Кусмаул донесе агилност на патиштата прикладна за возење на тркачки патеки. Од тогаш овој врвен спортист легален за редовен сообраќај со секоја генерација стануваше уште побрз, попрецизен и подинамичен и со атмосферски мотор, мануелен менувач и погон на задните тркала најомилен 911 на сите пуристи. Неговите тркачки верзии ја пишуваа историјата на автоспортот, а дел од рецептот за успехот на 911 GT3 е постојаното вклучување на искуствата и иновациите од спортот во развојот на следната патна верзија. Затоа и не чудо што се околу 80 отсто од сите произведени 911 GT3 редовно се среќаваат на тркачките патеки.
Продолжувајќи ја со своите напредни тркачки технологии традицијата која легендарниот 911 Carrera RS 2.7 ja започна во ’70-тите, 911 GT3 со ознаката сугерираше во која класа би требало да се вози на трки. Неговиот водено ладениот шестцилиндричен боксер постигнуваше 360, за 60 повеќе од стандардната Carrera. Првите заслуги ги постигна уште пред премиерата – со Рерл зад воланот успеа 20,8 километри долгата Нордшлајфе делница на Нирбургринг да ја совлада за помалку од осум минути поставувајќи нова референтна вредност за спортските возила. За тоа не беше заслужен само моторот тестиран на трки туку и целиот фино ускладен пакет. Подвозјето беше спуштено за околу три сантиметри, сопирачките засилени, а менувачот со шест степени презеден од 911 GT2. Преносните односи, геометријата на оските, стабилизаторите и пружините беа прилагодени за тркачки карактеристики. Лесната конструкција беше поважна од комфорот, а маркантен знак за препознавање на неговото тркачко потекло беше фиксното задно крило. Кој сакаше можеше да го нарача во Clubsport варијанта, меѓу другото со безбедносен кафез.
После успешниот старт, Porsche на секои три до четири години презентираше ново еволуциско ниво на уличниот спортист со тркачки гени. Во 2003-тата силата на боксер моторот се искачи на 381 KS, а по желба можеше да се нарача и со посебен керамички сопирачки систем. Три години подоцна следеше скок на силата на 415 коњи, а за прв пат имаше и активно спортски ускладено подвозје. Во 2009 година инженерите ги зголемија зафатнината на шестцилиндричниот боксер на 3,8 литри и силата на 435 KS, a новодизајнираното задно крило и целосно покриеното подвозје аеродинамичниот притисок за повеќе од двојно во однос на претходникот.
50-тиот роденден 911 го прослави со светска премиера на петтата генерација на GT3. Погонскиот склоп со максимални 475 KS за прв пат се поврза со автоматизираниот PDK менувач, а исто така премиерно доби и активна управувачка задна оска. Со тоа новиот 911 GT3 го совлада Нордшлајфе за само 7:25 минути. Во фазата на унапредување од 2017-та моторот нарасна на четири литри и силата на 500 коњи, а за пуристите доби Touring пакет кај кој меѓу другото фиксното задно крило беше заменето со автоматски прилагодлив спојлер. Најновата референца 911 GT3 ја доби во 2021-вата, од кога 510-коњскиот мотор кој исто како и претходникот се врти до 9.000 пати во минута го забрзува до 100 на час за 3,4 секунди, останувајќи сон на многумина и вистинска возачка машина.