Кој најмногу треба да жали за откажаната Женева?
» Женевскиот салон е идеално место новите и сосема непознати производители да се претстават на светот на автомобилите. Еден таков гоиднава требаше да биде и Vega Innovations од Шри Ланка, кој се подготви да го прикаже својот дебитанстки модел EVX. Интересот кој претпремиерно беше присутен во јавноста се должеше на фактот дека станува збор за хиперспортско купе кое ќе се движи со помош на два електромотори. Заедничката силина која моторите ја испорачуваат на двете оски изнесува поприлично големи 815 KS (760 Nm), кои спортскиот двосед од 2.090 kg до стотка го забрзуваат за 3,1 секунда. Вградениот батерискиот сет од 55 kWh ветува поминување на 300 километри, а веќе е најавен нов сет од големи 130 kWh кој би требало да се полни по поминувањето на дистанца од 750 km.
Дизајнерскиот облик на панелите изработени од карбонски влакна воопшто не може да се квалификува како оригинален, туку поадекватен е описот кој говори за компилација на елементи од етаблираните премиум спортски брендови. Но тоа во овој случај и не е така битно. Битно е што електричните возила кои сами по себе претставуваат револуција во автомобилската индустрија дефинитивно ја менуваат географската карта на производителите. Така Tesla стана Tesla, но сега ќе мора да се брани од вакви и слични контра-удари.