Ова го има само во Јапонија
» Соочени со натпросечниот број на сообраќајни несреќи во кои учествуваат старите лица, локалните власти на префектурата Аичи во Јапонија имаат необичен начин да се справат со проблемот – се имаат договорено со еден голем синџир ресторани сите возачи постари од 74 години да добијат 15 отсто попуст на популарната супа рамен ако ја вратат возачката дозвола. Во пари изразено, заштедата пресметано изнесува околу 45 денари. Ова не е единствен случај на вакви стимулации за старите лица – се среќаваат и попусти за јавните бањи, бербери, аптеки, такси превоз и слично, кои имаат убедено илјадници да ги вратат возачките дозволи.
Во Јапонија има околу 5 милиони возачи постари од 75 години. Тие учествуваат во скоро 13 отсто од сите сообраќајни несреќи во земјата, а чест е случајот да ги предизвикаат мешајќи ги педалите за гас и сопирачките.