Како изгледа да се вози низ рудник за сол?
» Уште со самото споменување на 200-те коњски сили извлечени од трите цилиндри на Fiesta ST, провокативниот и врел градски хечбек предизвикува на екстремни авантури. Една од нив овековечија продуцентите на ова видео снимено во еден од најголемите рудници за сол во Европа. Сцените какви дотогаш не беа видени уште на самото нивно споменување звучат застрашувачки, дури и за највештите професионални рели возачи. Екстремното сепак произведе доволно адреналин за ова видео да фасцинира, посебно со звукот на 1,5 литарскиот EcoBoost мотор на Ford на 400 метри под земја.