Tags:
Сервоуреди за управување (видео)

Без нив возењето ќе биде вистинска мака

» Сервоуредот одамна стана важен дел од сериската опрема на автомобилите. Има задача да ја намали силата која е потребна за вртење на управувачот, која при паркирање на пример од 100 до 150 N се сведува на само 25 до 30. Класичните системи се опремени со статички хидромотор, чиј основен дел е маслена пумпа која создава притисок до 150 бари, а ја задвижува погонскиот мотор. Таа преку разводен механизам е поврзана со две комори кои се наоѓаат во иста оска со запчестата летва и делуваат како двонасочен хидрауличен цилиндар. Во зависност од насоката на вртење на управувачот се менува и насоката на протокот на масло и делувањето на хидрауличниот притисок. Главниот недостаток на овој систем е што му треба енергија од моторот и кога е потребно и кога не е, на пример при големи брзини кога сервоуредот е бескорисен, со што се ангажираат до две-три коњски сили, што кај малите мотори е проблем. Јасно, се зголемува и потрошувачката на гориво меѓу 0,2 и 0,4 литри на 100 километри.

Заради тоа, скоро сите нови модели на автомобили имаат електричен сервоуред кој го среќаваме под кратенката EPS – Electric Power Steering. Овој систем за серво помош на управувачот место класичниот хидрауличен механизам користи електромотор. Со него се решени проблемите на губиток на силата и зголемувањето на потрошувачката на гориво бидејќи уредот се активира само при мали брзини и кога управувачот се врти, за разлика од хидрауличната пумпа која работи постојано. Електромоторот го контролира процесор на основа на брзината на возење и оптоварувањето на тркалата. Тој може да биде поставен на оската на управувачот, на запченикот или директно на запчестата летва. Овој систем сепак има еден недостаток – пружа помалку повратни информации од патот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *