Додавање масло во дизел горивото

Само за старите дизели

» Некои мајстори, посебно оние самонаречените, пропагираат дека е корисно во дизел горивото да се додаде моторно масло. Добрите познавачите на техниката нема да се сложат со тоа, но сепак ќе признаат дека ова тврдење има основа. Но само за старите дизели. Имено, исфрлањето на озлогласениот сулфур од горивата може да доведе до проблеми кај постарите дизел мотори и да ја намали нивната трајност. Сулфурот е исфрлен од горивата бидејќи сулфурниот диоксид кој е нуспродукт на согорувањето и го има во издувните гасови, во контакт со водена пареа создава сулфурна киселина, односно кисели дождови кои ја уништуваат вегетацијата и ја загадуваат околината. Тој штетен и во моторот бидејќи со влагата која се кондензира во неговата внатрешност создава киселини кои ги нагризуваат виталните делови и разредуваат моторното масло, со што тоа полошо подмачкува. Покрај сé тој е инхибитор на создавањето саѓе бидејќи ги поврзува јагленводородите во горивото, со што се отежнува неговото запалување. Настанува доцнење и горивото не успева потполно да согори и се излачува саѓе, што всушност е аморфен јагленов прав.

Меѓутоа, елементарниот сулфур додека не се спои со водата делува како добро круто мазиво. Како мазиво исто така делуваат и сулфурните соединенија со честичките метали – сулфидите. Најпознато вакво средство е молибден дисулфидот MoS₂ кое се користи уште од средината на триесеттите години од минатиот век. Бидејќи сите битни делови на системот за вбризгување, посебно пумпата за висок притисок и бризгалките се подмачкуваат со самото гориво, кога тоа во себе нема сулфур се зголемува ризикот од абење на нивните витални делови. Кај поновите дизели кои се конструирани за работа со гориво со ниски количини на сулфур тоа е надоместено со поквалитетни материјали, првенствено со топлинска обработка на критичните места со што е зголемена отпорноста на деловите на абење.

И додавањето на 1% моторно масло во горивото го решава проблемот, но кај посовремените мотори со системи за прочистување на издувните гасови од саѓе тоа може да пречи. Поновите мотори кои ги немаат овие системи можат и без додавање масло во горивото, но во секој случај тоа секако ќе користи. Не мора да се користи масло за двотактни мотори кое има адитиви за подобро мешање со горивото – доволно е обично, најевтино минерално масло 15W 40 за дизел мотори кое пак има подобри својства за подмачкување и кое треба да се сипа во резервоарот пред полнењето гориво за да се обезбеди подобро нивно мешање. За да си ја олесните работата купете масло во поголемо пакување и преточете го во пластични шишенца од сок или газирана вода, не од обична бидејќи тие не затвораат добро. Потоа, пред да полнете гориво, сипете количина масло која е 1% од количината гориво што ќе го наточете – на пример 250 милилитри (половина шишенце) за 25 литри гориво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *