Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>6 ноември 1986 година

Од фрижидери до глобален автомобилски производител

» На денешен ден 1986 година со позајмени пари Ли Шуфу ја основа компанијата Geely за производство на фрижидери. Четири години подоцна купи една пропадната државна фирма и започна со производство на мотоцикли, за во 1997 година да се посвети на автомобилите. Првото возило беше мало комби бидејќи немаше дозвола од државата за производство на автомобили, која беше добиена во ’99-тата. Со производство на автомобили се започна во 2002-рата, за денес Geely да биде глобален автомобилски производител со продукција од 2,2 милиони возила лани. Сопственик е на Volvo, Lotus, Proton, лондонското такси, Benelli и други светски познати марки, како и на акции во Mercedes и Aston Martin.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *