Ги помести сфаќањата што луѓето ги имаа за поимот автомобил
» На денешен ден 2005-тата, после шест години развој, на Сицилија беше претставен Bugatti Veyron 16.4. Овој технички супериорен модел ги помести сфаќањата што луѓето ги имаа за самиот поим автомобил. Имаше 8-литарски мотор со 16 цилиндри распоредени во W-формација, од кои со помош на 4-те турбо компресори развиваше 1.001 KS и 1.250 Nm, доволни за максимална брзина од 407 km/h и забрзување до 100 km/h за 2,5 секунди, до 200 за 7,3 и до 300 за 16,7 секунди. Потрошувачката му беше декларирана на просечни 24,1 литар на 100 километри, емисијата на CO₂ на 574 g/km, а цената поставена на милион евра, бројка која многуте специјални верзии далеку ја надминаа. За 10 години беа произведени точно 450 примероци, од кои 178 од иницијалната 16.4 верзија.