Tags: , , ,
Mercedes-AMG GT Track Series (видео)

Чукни во дрво, два пати

» Black серијата на Mercedes AMG GT веќе не е крал на гамата на штутгартскиот производител – неа од тронот ја симна близок роднина. Се одзива на името Track Series и засега бидејќи не смее да излезе на отворен пат е во илегала – дали ќе остане таму зависи од реакциите на 55-те купувачи до кои ќе стигне.

Mercedes-AMG GT Track Series е направен место роденденска торта за 55-годишниот јубилеј на AMG. Четирилитарскиот твин-турбо V8 со помош на тркачки бризгалки и преработена електроника развива 734 коњски сили, што е за само 20 повеќе од Black серијата но тие во комбинација со шестстепената секвенционална трансмисија, ослонувањето, аеродинамичките корекции и бројните други модификации директно пристигнати од тркачките патеки го прават тоа што е. Податоци за брзината и забрзувањето нема – место тоа единствен параметар според кој може да го оценуваме е цената од 369.000 евра плус даноци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *