Несудениот наследник на Буба
» На денешен ден 1961 година Volkswagen го претстави моделот Typ 3, несудениот наследник на Буба. Овој автомобил кој комерцијално беше лансиран под ознаката VW 1500 се нудеше во седан, фастбек и екстра популарната караван верзија Variant. Ја имаше тогаш веќе застарената технологија на Буба заради што и успехот му беше ограничен, но сепак постигна солидни продажни бројки. Го дизајнираше Италијанецот Серџо Сарторели кој подоцна се прослави со Fiat 126 и Ritmo, а негов куриозитет е што моторот му беше сокриен под дното на задниот багажник, но и тоа дека на средината на својата кариера доби електронско вбризгување на горивото. Производството во Германија му запре во 1973 година до кога беа направени 2,6 милиони примероци од кои скоро половината каравани, а во Бразил, со сериозни дизајнерски измени, продолжи до 1981-вата.