Уште еден технолошки експеримент на Hyundai
» Hyundai N Vision 74 концептот е креиран со намера да се одаде почест на Pony Coupe од 1974 година, дизајниран од легендарниот Џуџаро. Се опишува како ретрофутуристички модел кој покажува научно-фантастични технологии за кои инженерите на компанијата се надеваат дека ќе се трансформира во реалноста. Го задвижува хибридно-водороден систем кој комбинира батериски електричен погон и горивни ќелии. Со резервоар за водород кој може да се наполни за пет минути и батерии од 62,4 kWh способни за брзо полнење на 800 V, N Vision 74 има автономија од 600 km. Располага со вкупно 680 KS и 900 Nm, кои му овозможуваат максимална брзина од 250 km/h. Долг е скоро 5, широк 2 а висок 1,33 метри и има меѓуоскино растојание од 2,9 метри. Hyundai наведува дека во внатрешноста го урамнотежува наследството на оригиналниот Pony концепт со современоста на неговиот погонски склоп. Опишана како кокпит насочен кон возачот, комбинира аналогни копчиња од старата школа со дигиталната инструмент табла.