Поевтино на одмор
» Сите кои имаат намера сега да тргнат на одмор или барем на викенд ќе ќарат по три денари од литар бензин – за толку регулаторната комисија за енергетика го поевтини во корелација со движењата на цените на референтните нафтени деривати на светскиот пазар и доларот. Така, малопродажната цена на еуросупер БС-95 сега изнесува 102,50, а на еуросупер БС-98 104,50 денари за литар. Дизелот овојпат остана со иста цена – 100 денари за литар.