Дизелгејт го запре
» По повод 20-годишнината од појавувањето на луксузниот Volkswagen Phaeton, прес-службата на германскиот производител објави фотографии од неговата втора генерација која не го доживеа светлото на денот. Комплетно развиена и подготвена за производство, таа во последен момент беше повлечена како последица на избивањето на дизелгејт аферата. Volkswagen од првата генерација на Phaeton меѓу 2002 и 2016 година произведе само 84.235 примероци, а за него беше отворена сосема нова фабрика во Дрезден со капацитет од 20.000 возила годишно. Се проценува дека секој продаден примерок на VW му носеше загуба од 28.000 евра.