Победник беше третопласираниот!
» На денешен ден пред 127 години заврши првата трка во историјата која се возеше на од Париз до Бордо и назад. Релацијата долга дури 1.178 километри најбрзо, за време од 48 часа и 48 минути со просечна брзина од 24,5 километри на час, ја помина Емил Левасор со автомобил од сопствена конструкција, но тој не беше прогласен за победник бидејќи возеше надвор од конкуренција – неговиот автомобил имаше две седишта, а на трката официјално се натпреваруваа само автомобили со четири седишта. Така, официјален победник на оваа прва трка во историјата беше третопласираниот Пол Кехлин со Peugeot, кој на целта пристигна зад Левасор со задоцнување од цели 11 часа.