Автоматика или ништо друго
» Криејќи од конкуренцијата точно кога, Mercedes некаде од идната година ќе започне да ги исфрла мануелните менувачи од своите возила за европскиот пазар. Не дека ги има многу – во моменталната понуда на компанијата тие се среќаваат само кај некои изведби на A, B и CLA класите. Причината не за ваквата одлука не се само трендовите и желбите на возачите, туку и сé помалку рентабилното нивно производство заради зголемениот број хибриди и плаг-ин хибриди кои имаат некаков вид автоматски или автоматизиран систем за трансмисија додека пак кај возила на електричен погон воопшто и немаат менувач. Mercedes веќе ги има исфрлено сите модели со мануелни менувачи од моделите за американскиот пазар.