Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>28 мај 1919 година (видео)

Првиот сериски произведуван автомобил во Европа

» На денешен ден 1919 година Citroen започна со производството на својот прв автомобил. Наречен Type A, овој модел исто така беше и првото сериски произведувано возило во Европа. Му претходеше масовна рекламна кампања со огласи на цели страници во весниците и организирање на продажна мрежа составена од преку илјада дилери ширум Франција кои целосно беа запознаени со автомобилот што требаше да го продаваат и снабдени со залихи на резервни делови. Се произведуваше со две меѓуоскини растојанија во вкупно девет различни изведби, со мотор од 1,3 литри и 18 коњски сили со кој постигнуваше максимални 65 километри на час. По колебливиот старт продажбата тргна одлично и до 1921 година беа произведени 24.093 примероци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *