За поглед кон небото со или без покрив
» Атрактивниот MC20 го поведе Maserati во едно ново доба, а кое донесе и нови придобивки – Cielo на италијански значи небо, кое како и да го возите ќе го гледате. Имено неговиот покрив и кога е подигнат над главите е стаклен и прозирен, но со притисок на копче се затемнува по желба на патниците. Со друго копче пак за 2 секунди ќе се спакува таму некаде назад, со што ќе го скрие погледот кон 3,0 литарскиот V6 со 630 коњски сили. Но тоа нема да биде пречка да забрза до 100 km/h за 3 секунди и да стигне до максимални 320. До која бројка ќе се искачи цената сé уште не знаеме.