Tags:
Денешниот ден во ретровизор <br/>17 мај 1929 година

Некогаш најголема во Европа (видео)

» После две децении успешно присуство во Велика Британија, Ford одлучи дека му треба пристап до длабоки води заради што како локација за новата фабрика беше избран Дагенам, источно од Лондон, на брегот на реката Темза. Земјиштето големо скоро двесте хектари беше мочурливо и поминаа години во планирањето и проектирањето на фабриката, чија изградба започна на денешен ден 1929 година. За стабилизирање на почвата во неа беа набиени 22.000 бетонски столбови долги по 25 метри кои создадоа цврста основа за градба. После 28 месеци и потрошени пет милиони фунти, во 1931 година од фабриката излезе првото возило, камионот Model AA. Во оваа некогаш најголема автомобилска фабрика во Европа која имаше сопствена висока печка и термо-електрана, во ’50-тите години работеа и до 40.000 луѓе. Од 2002 година во неа повеќе не се произведуваат возила туку само дизел мотори и сега вработува околу 2.000 работници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *