Струјата влегува во Крагуевац
» Заврши неизвесноста за фабриката во Крагуевац – Stellantis и државата Србија се договорија во неа да се произведуваат електрични автомобили. Некогашниот гигант Zastava, од 2008-мата дел од Fiat, ја обезбеди својата иднина со потпис од двата сопственика, која во 2024 година ќе започне да се материјализира во облик на нов, засега сé уште непознат модел за кој е тешко да се каже дури и чиј амблем ќе носи. После состанокот со Карлос Таварес, претседателот Александар Вучиќ рече само дека се работи за електричен автомобил за средната класа, а Stellantis известува за компактни возила, наведувајќи дека платформата која ќе биде поддржана ќе може да биде основа за возила од А, Б и Ц сегментот. За трансформација на фабриката ќе се инвестираат 190 милиона евра, од кои 48 милиона српски народни пари.