Tags: ,
Karlmann King: Фрлете поглед на најскапиот SUV во светот

Суперлуксузен SUV кој делува како комбинација од бетмобил и стелт фајтер

» Некои го перцепираат како реален а други како екстравагантен и непрактичен. Веројатно и едните и другите (делумно) се во право. Но и за едните и за другите тоа е најскапиот SUV во светот. И најоткачен, секако. Малку познатиот кинески производител Karlmann за него бара меѓу 1 и 3,8 милиони долари, што е од 25 до 95 пати повеќе отколку пикапот Ford F-550 на чија основа е базиран. За тие пари се добива возило изработено од карбонски влакна и челик, кое може да се преработи и во блиндирана варијанта.

Надворешноста е микс од џет фајтер со стелт технологија и автомобилот со кој се прослави Бетмен. Внатрешноста на King пак, раскажува приказна која е споредлива само со некој супер луксузен хотелски апартман од Лас Вегас. Мноштвото од телекомуникациска, и опрема за забава се надополнува со фрижидери од кои во кристални чаши се пие студено шампањско. Да, ако заглавите во некој дивина, може да си ја вратите концентрација и со свежо сварено кафе. Погонскиот мотор на ова чудо е V10 од 6,8 литри кој развива 360 KS кои обезбедуваат максимална брзина од само 140 km/h. Ако овој податок ви изгледа прескромен знајте дека во полна опрема тежи шест тона.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *