Smart, трета реинкарнација
» Иако и понатаму е мал автомобил, Smart #1 нималку не е мал, ниту пак налик на она што со децении го знаеме како Smart. Повеќе не спаѓа во категоријата која сам ја креираше и која во ForFour верзијата и претходникот ја имаше напуштено. Сега Smart е полнокрвен градски автомобил за 4 лица, поточно електричен SUV долг 4,27 метри, со меѓуоскино растојание од 2,75 метри и тркала кои можат да бидат големи дури 19 инчи. Овие габарити му дадоа пространа кабина, бројни модерни детали и дигитални можности. Погонскиот електромотор со 272 KS и 343 Nm му овозможува максимални 180 km/h, а батериите од 66 kWh 440 километри автономија. Се очекува да пристигне на кинескиот и европскиот пазар некаде пред крајот на годинава. Цените не се познати.