27-мата титула за Hyundai Tucson
» Македонија по 27-ми пат избра автомобил на годината – националното жири титулата му ја додели на Hyundai Tucson. Тој меѓу осумте финалисти кои учествуваа во изборот доби два гласа од жирито, додека другите два гласа отидоа за Toyota Yaris Cross и за победникот одлучи публиката, чиј глас го доби јужнокорејскиот SUV. Покрај титулата , жирито за добитник на признанието за електричен автомобил на годината го прогласи Volkswagen ID.3, додека признанието за животно дело „Томислав Биљарац“ го додели на Зоран Марковски.