Престиж и чест
» Избрано е новото безбедносно возило во формула 1 – честа да ја врши таа задача му припадна на Mercedes AMG GT Black Series, додека службен автомобил на медицинската екипа ќе биде AMG GT 63 S 4Matic+. Во тоа ќе им помогнат моќните V8 битурбо мотори со 730 односно 639 коњски сили. И двете возила ќе дебитираат на големата награда на Бахреин која се вози на 20 март.