Автомобилот кој одбиваше да се пензионира
» На денешен ден 1978 година во Германија беше произведен последниот примерок на Volkswagen Буба. Автомобилот кој одбиваше да се пензионира стана закана за иднината на производителот бидејќи беше тешко да се најде негов наследник. Конечно во 1974-тата беше лансиран Golf, но Буба во Германија остана во производство уште четири години, за потоа да се пресели во Мексико каде живееше до 2003-тата, што е навистина импресивно за автомобил конструиран 65 години пред тоа. Од него во Германија беа направени 16.255.500, а вкупно низ целиот свет 21.529.464 примероци.