Автономија 400 km, се полни за 3 минути
» Својата мултиенергетска филозофија Peugeot ја дополни со уште една можност за избор – започна производството на првиот модел со погон на водород. Се работи за доставниот e-Expert за кој струјата за задвижување ја произведуваат горивни ќелии. Карактеристика му е и тоа што батеријата со капацитет од 10,5 kWh може да се полни и од електричната мрежа. Автономијата му изнесува 400 km, а полнењето водород трае 3 минути. Достапен е во две должини, има 6,1 m³ простор за товар, 1.000 kg носивост и може да влече исто толку тешка приколка, додека максималната брзина му изнесува 130 km/h. Цените и количините во кои ќе биде произведен не се познати.