Започна сериското производство на Kia Ceed
» На денешен ден 2006 година во фабриката на Kia во Жилина, Словачка, започна сериското производство на Ceed. Во оваа супермодерна и високоавтоматизирана фабрика изградена за рекордно време, Корејците вложија милијарда евра. Горди на постигнатото, за разлика од другите кои ги кријат своите технологии, тие ги поканија своите колеги од конкурентските производители на возила во Европа за да им ја покажат. После разгледувањето, врз основа на нивните коментари од тоа што го виделе, одлучиле место планираните 5, возилата произведени таму да ги нудат со 7-годишна гаранција.