Верувајте, вистина било!
» Според податоците кои ги пренесоа Французите, во текот на 2020 година во светот се продадени околу 180 илјади примероци на Peugeot 206, кој, патем кажано е претставен уште во 1998 година. Тие на топ-100 листата најдобро продавани возила го сместија на ниското 96-то место, но вистинското изненадување следи пар места зад него, каде со 7 илјади помалку возила се најде свежиот Dacia Duster! Колку и да звучи нестварно оваа информација, треба да се знае дека 206 сé уште се произведува и очигледно добро продава во 84-милионскиот Иран.