Зарем дизелгејт не беше доволен?
» Старите навики тешко се искоренуваат – група австриски купувачи на возила од Volkswagen групата е во очекување на одлуката на европскиот суд за легалноста на софтверот наречен „температурен прозорец“ кој ги менува параметрите на работа на моторот во зависност од надворешната температура и надморската височина. Со него се контролира вентилот за рециркулација на издувните гасови кој се исклучува на температури надвор од опсегот меѓу 15 и 33 степени целзиусови и на надморски височини над 1.000 метри, зголемувајќи ги емисиите на високоштетните азотни оксиди. Според VW ова е потребно за заштити моторот во студени услови за работа, а според потрошувачите, но и според советниците на судот, тој е нелегален дури и ако навистина го штити моторот. Судиите обично го следат мислењето на советниците, но не се обврзани на тоа.