Tags: , ,
Дали Toyota ќе го прави автомобилот на Apple?

Toyota и Apple пред историска одлука

» Верувале или не, поминаа повеќе од осум години откако се слушнаа првите вести за автомобилот на Apple, но оттогаш не дознавме ништо конкретно, само многу шпекулации. Таква е и оваа информација која, благо кажано, делува бомбастично – дека се разговара Toyota да го произведува нивниот електричен автомобил. Нормално, веднаш се јавија бројни од оние кои се сомневаат дека вакво нешто е можно, наведувајќи пар издржани аргументи за тоа, но истовремено испуштајќи ги најважните – дека и Toyota и Apple се сериозни глобални компании, секој за себе неприкосновен лидер во својата област.

Нормално, никој жив надвор од најтесното раководство на Toyota и Apple не знае што точно се случува и што ќе се случи, но тоа не е пречка да се појавуваат вакви вести. Дали сепак се вистинити, или поинаку кажано, колкав дел од нив се вистинити, може да се случи да дознаеме многу бргу бидејќи Apple, кој никогаш нема потврдено дека работи на сопствен автомобил, сака тој да биде подготвен за пазарно лансирање во 2024 година. Во контекст на ова треба да се спомене и дека претставници на технолошкиот гигант се забележани и во неколку јужнокорејски и јапонски компании кои произведуваат батерии за електричните возила. Плус на тоа, неодамна се дозна и дека двајца инженери, ветерани на автомобилската индустрија, од Mercedes имаат преминато во Apple каде ќе работат во групата задолжена за специјални проекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *