Tags: , ,
Renault Megane E-Tech Electric, први фотографии

(Р)еволуција на повидок

» Со полн назив Renault Megane E-Tech Electric, овој нов модел ќе донесе еволутивни промени кај популарниот компакт за кои слободно можеме да кажеме дека се револуционерни. Освен електричниот погон тоа ќе биде дизајнот, односно самата концепција на возилото кое во основа е повишен хечбек кој кокетира со кросоверскиот изглед. Тоа не треба да чуди бидејќи ја дели истата CMF-EV платформа како и Nissan Ariya, но со поинакви пропорции – должината од 4,2 метри, ширината од 1,8, висината од  1,5 и меѓуоскиното растојание од 2,7 метри. И погонскиот систем се очекува да позајмен од таму – електромоторот со 218 KS и 300 Nm и батериите од 60 kWh кои ќе обезбедат автономија од околу 470 km. Подоцна се очекува и во верзии со посилни мотори и поголеми батерии, со два електромотора и погон на сите четири тркала, но и со батерии од 40 kWh, помала автономија и попристапна цена.

Megane E-Tech Electric ќе се произведува во фабриката во Дуе, заедно со електричниот Renault 5.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *