Најавеното и ветеното веќе се остварува
» Возбудени од местото што во иднината им го додели Stellantis, раководството на DS нé извести дека преминуваат целосно на струја. Тоа ќе се одвива во две фази – првата веќе е започната од 2019-тата од кога секој нов модел има електрифицирана варијанта. Така во моментов на купувачите на премиум марката на Citroen на располагање им стојат 100% електричниот DS 3 Crossback e-Tense и плаг-ин хибридните DS 4 E-Tense, DS 7 Crossback e-Tense и DS 9 e-Tense. Размислувајќи авангардно и ставајќи ја електрификација во центарот на својата стратегијата, втората нејзина фаза ќе започне до 2024 година од кога сите нови модели ќе бидат само електрични. Прв ќе биде DS 4, а ќе следи и уште еден модел поставен на наменската STLA Medium платформа која ќе има батерии со капацитет до 104 kWh доволни за автономија од 700 километри.