Tags: ,
BMW ја заштити ознаката M9

Нешто ново или само онака, да се најде?!

» Идната година M-дивизијата на BMW ќе одбележи 50 години, што е идеален момент за лансирање нешто ново – големо, моќно и скапо. Па, зошто тоа да не биде M9?! Токму заштитата на оваа ознака од страна на баварската марка покрена серија шпекулации околу наводниот иден модел во палетата, од кои најгласни се оние дека се работи за нов спортски автомобил базиран на серијата 8, најсилен во гамата на германската марка. Јасно, можеби и се работи само за превентивен чекор со кој BMW би спречил некој друг под носот да им лансира модел со ознаката M9…

П.С. Фотографијата нема никаква врска со оваа вест, употребена е чисто за илустрација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *