Tags: , , , ,
Претставен Mercedes Citan (видео)

За бизнис и семејството

» Изненадувања нема – како и првата генерација, и оваа е произлезена од Renault Kangoo. Следејќи ја истата филозофија на францускиот партнер, Mercedes ќе ја раздели понудата на новиот Citan на два модела – за бизнис и за семејството, кој ќе се продава како T-класа. И двата треба да се појават со широк дијапазон мотори, бензински, дизел и електрични. Без оглед на верзијата, и покрај компактните надворешни димензии сите можат да се пофалат со големата пространост на функционалната кабина до која се доаѓа преку практичната лизгачка врата. Карактеристика и на овој модел на Mercedes ќе биде богатата опрема, во која ќе се најдат и MBUX системот, седум воздушни перници и бројни безбедносни асистенти.

Продажбата на Citan ќе стартува од наредниот месец, со цени кои започнуваат под 20.000 евра. Моторната понуда засега се состои од три дизела (со 75, 95 и 116 KS) и два бензинци (103 и 131 KS), сите со старт/стоп систем. Електричниот eCitan кој ќе има автономија од 285 km, ќе биде достапен од идната година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *