Слушнете го како звучи
» Концептот кој пред две години беше покажан на салонот на автомобилите во Лос Анџелес ќе стане реалност – со него Audi ќе му конкурира на Tesla Model S. Германците велат дека производството на e-Tron GT ќе започне уште годинава. Треба да им веруваме бидејќи дека е подготвен ни потврдија со серија фотографии на кои се гледа сé, освен целото возило не. Дека сметаат дека место да се види е побитно да се слушне е очигледно од тоа што тие беа придружени со видеа од звукот на идното луксузно електрично лимузинско купе кое има заеднички гени со Porsche Taycan.
Според претходните најави серискиот e-Tron GT ќе има два електромотора со 590 KS (колку што имаше концептот), погон на сите четири тркала, батерии од 96 kWh и автономија од околу 400 km. Ќе се произведува во фабриката во Некарсулм од која меѓу другите излегуваат и A7 и A8, но и R8 и сите RS модели бидејќи е седиште на Audi Sport GmbH, порано нам познат како Quattro GmbH. Заради тоа истовремено со регуларната ќе биде лансирана и топ верзија со ознака e-Tron GT RS.