Го наследи ненадминливиот Kadett
» Opel Kadett беше модел кој ја трасираше иднината на германскиот производител. Кога дојде време за неговата шеста повоена генерација, Opel од недокрај разјаснети причини побара ново име за новиот модел. Не мораше далеку да бара – го најде во својата сестринска компанија Vauxhall, која за пазарот во Велика Британија веќе две генерации успешно го произведуваше и продаваше Kadett под името Astra. Така првата Opel Astra ја имаше својата премиера на салонот на автомобилите во Франкфурт во септември 1991 година. Задачата да го наследи Kadett не ѝ беше тешка – до појавувањето на наредната генерација во 1997 година беа произведени повеќе од 4,1 милиони возила, најмногу од сите генерации на Astra. Ви приложуваме доооолго видео како во Тајван го доживеаја овој модел.