Tags: , ,
110 години Alfa Romeo (видео, фото галерија)

110 Години исполнети со емоции

» Прослава на годишнина секогаш подразбира навраќање на почетоците и потоа следење на развојот за на крај да заврши со претставување на најнови модели кои се украс на целата гама. Токму тој пристап го употреби и Alfa Romeo при прославата на 110-годишнината од постоењето. А алфистите навистина има со што да се пофалат. Прославата беше започната со повторно отварање на историскиот музеј во Аресе, каде на постојните 200 експонати им беа додадени уште 150 вредни примероци. За прв пат, во историскиот музеј се најдоа и освоените трофеи, уметнички инспирираните дела, како и моторите за патни возила, аеронаутика и наутиката.

Во чест на 60-годишната соработка помеѓу Alfa Romeo и карабиниерите отворен беше и посебен дел наречен „Alfa Romeo во униформа“. Почитувајќи ги сите препораки на здравствените работници, за посетителите на музејот се организираа виртуелни видео презентации при што во детали можат да се разгледаат сите експонати. Разгледувањето започнува од првите модели на Alfa Romeo со ознака 20/30 ES, за да на крајот заврши со спортската програма, односно болидите кои се возат во индикар и формула 1. Присуството на актуелните пилоти од F1, Кими Раиконен и Антонио Џовинаци беше сосема очекувано ако се знае дека првата трка од светскиот F1 шампионат, одржана 1950 година, ја има добиено токму Alfa Romeo со Gran Premio Tipo 158 Alfetta и легендарниот Нино Фарина зад воланот.

За да се комплетира сликата за спортскиот дух на марката убаво е да се знае дека втората сезона ја има добоено легендарниот Хуан Мануел Фанџо со Alfetta 159. За да се долови актуелниот миг кој го живее брендот се погрижи Giulia GTA, која во најновата верзија испорачува 540 KS. Тоа го прави со V6 битурбо моторот од 2,9 литри, а за постигнување на врвни спортски перформанси заслужна е и намалената тежина за 100 килограми. Инаку во музејот ја има и првата Giulia GTA (Gran Turismo Alleggerita) од 1965 година, па посетителите можат да направат убава споредба на оригиналот и неговиот импресивен наследник.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *