Tags: , ,
Денешниот ден во ретровизор <br/>1 февруари 1957 година

Ветуваше многу, но не успеа

» Во лабораториите на NSU, тогаш најголемиот производител на мотоцикли во светот кој се подготвуваше за свое враќање во автомобилскиот сектор, проработи првиот ротационен мотор наречен уште и ванкел мотор според неговиот креатор Феликс Ванкел. Тој првиот патент за овој мотор во кој клипот место праволиниски се движи кружно го доби уште во 1929 година, но требаше да поминат скоро три децении додека стане стварност. Прототипот имаше 125 кубни сантиметри работна зафатнина и развиваше 29 коњска сила при 17.000 вртежи во минута. Интересот на индустријата беше бомбастичен и голем број производители на возила, машини и мотори од цел свет побрзаа да си обезбедат лиценца за оваа технологија, но само NSU и Mazda ја донесоа во сериските автомобили – првиот беше NSU Spider од 1964 година. Причината беа недоволната трајност на некои делови на моторот и високата потрошувачка на гориво.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *