Не обидувајте се никако да го стартувате моторот или возите!
» Ако во дизел автомобил сипете бензин (што е значително поштетно и потешко за решавање отколку обратно) важно е штом ќе се забележи веднаш да се прекине со точењето и да не стартува моторот. Имено, бензинот во дизел мотор каде се создаваат значително поголеми притисоци предизвикува неконтролирани детонации и значителен пораст на механичкото и топлинското оптоварување на виталните склопови, посебно на челата на клиповите. Заради тоа автомобилот треба да се одшлепа во сервис за дизел мотори каде погрешното гориво ќе се испушти од целиот систем – резервоарот, водовите, филтерот, пумпата за висок притисок сé до бризгалките од кои преостанатата мала количина бензин ќе се отстрани во постапката на палење. Мал проблем ќе предизвика резервоарот бидејќи од него е тешко да се испушти целото гориво, затоа се препорачува да се наточи и испушти уште еднаш. Исто така за да се намалат ризиците од оштетувања, во дизелот треба да се додаде два отсто двотактол, не моторно масло бидејќи тоа потешко согорува и во коморите може да заостане саѓе или талог.