Местото каде што се спојуваат сите патишта
» Стрмниот, карпест и кривулест пат долг 31 километар како единствена врска меѓу зафрлените индиски места Манејбанџанг и Сандакфу кое се наоѓа на надморска височина од 3.636 метри, е преполн со разни модели на Land Rover, кој од кој постар. Овој регион длабоко во Хималаите беше идеален за да се одбележи 70-годишнината на легендарниот теренец, што Британците го сторија со интересна репортажа. Погледнете како локалното население се снаоѓа во за нив секојдневните услови.