Tags: , ,
Јапонците го добија новиот Nissan X-Trail (видео)

Кој чека…

» Претставен во САД како Rogue уште во 2020-тата и лани во Кина кога беше најавен и за останатите региони, новиот Nissan X-Trail треба да го заокружи освежувањето на гамата на јапонскиот производител. За разлика од американската оваа верзија ќе доаѓа само во електрифицирано издание – хибридниот погонски склоп комбинира 1,5 литарски трицилиндричен мотор со e-Power систем од втората генерација. Спецификациите засега не се објавени -место тоа Nissan истакнува дека моторот со внатрешно согорување не е поврзан со тркалата туку служи само како генератор за струја за електромоторите кои верзијата со погон на сите четири тркала ги има два. Во дизајнот нема скоро никакви разлики во однос на Rogue, а за опременоста ќе зборуваме кога ќе биде претставена европската верзија која се очекува да биде идентична со јапонската.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *