Има ли спас за автомобилот во кој се вовлекол мирисот на димот од цигарите?

Како да се спасите од смрдеата од димот на цигарите?

» Тоа е проблем со кој и непушачите и пушачите се борат. Мирисот (да не кажеме смрдеата) од димот на цигарите во автомобилот може да биде иритирачки, посебно ако сте купиле користено возило во кое долго се пушело. Тој мирис тешко се отстранува од автомобилот, но може доста да се редуцира. Ако само ставите нешто мирисливо во кабината нема многу да сторите. Затоа започнете со темелно чистење на сите површини во кабината – прво со правосмукалка а потоа пребришете ги, посебно ткаенините, со крпа намокрена со алкохолен оцет. Потребно е и добро да се исчистат стаклата одвнатре со течност за миење. Ако сакате да бидете темелни заменете го филтерот во кабината и дезинфицирајте го клима уредот. Добро проветрете ја и вентилацијата – таа исто така може да биде потенцијален проблем. Оставете ја вклучена неколку минути на најголема брзина, со вклучен клима уред. Откако ќе се исушат, обидете се сите ткаенини (седиштата, теписите…) да ги претриете со сода бикарбона. Кога сето тоа ќе го направите, оставете сé да стои неколку часа а потоа повторно правосмукалката во раце. На крај оставете во возилото преку ноќ (или колку подолго можете) алкохолен оцет, зрнца кафе или јаглен. Тие на себе го врзуваат мирисот на цигарите и ќе извлечат дел од смрдеата.

Ова би требало да биде доволно, но крајниот успех никогаш не е сигурен. Сé зависи од тоа колку долго се пушело во возило. Среќно со борбата!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *