Погон на задните тркала и 180 KS
» Концептот го покажа уште лани во октомври, а премиерата е најавена некаде за декември – точниот датум не се знае. Но, во Toyota не можеа да чекаат – тивко, преку алтернативни канали, во Јапонија предвреме ја претставија новата генерација на Mirai. Не целосно – за деталните технички спецификации сепак ќе мора да почекаме, но и тоа што го кажаа е доволно да заинтересира. Најважното е дека овој автомобил задвижуван со горивни ќелии сега ќе има нова платформа со погон на задните тркала и три резервоара за водород кои му обезбедуваат автономија од 850 километри – за 30 отсто повеќе од досега. Подобрена е и опременоста, а додадени се и повеќе практични детали како на пример наслонот за глава на предното седиште што се склопува и панелот чувствителен на допир меѓу задните седишта. Во однос на моќноста на електромоторот се споменуваат околу 30 коњски сили повеќе, што значи дека ќе ги има барем 180.