Tags: , , ,
ТАМ 4500 (1957-1984) – Камионска легенда

Функционален, издржлив, неуништлив

» Со развојот на економијата во поствоена Југославија се појави потреба од помодерни товарни возила, кои иако земјата беше комунистичка, се побараа на запад. TAM од Марибор не бараше долго – изборот падна на Magirus-Deutz S 4500 настанат во втората светска војна за потребите на германската армија. Тоа само по себе значеше дека има конструкција која може да издржи многу предизвици, идеална за работен камион каков требаше за лошите патишта во поранешната држава, со предимензионирана механичка изведба заради што без проблеми можеше да носи многу повеќе од декларираните 4.500 килограми, од каде му е и ознаката. Масивниот 5,3 литарски четирицилиндричен дизел кој беше тежок дури 445 kg имаше долг од на клиповите и воздушно ладење заради што беше издржлив и лесно се одржуваше. Со своите 85 коњски сили кои се пренесуваа преку петстепен несинхронизиран менувач можеше да совлада нагорници од 32 отсто, да постигне максимални 75 km/h и да влече приколка од 8 тона.

На почетокот TAM 4500 се произведуваше во 4×2 и 4×4 верзии во класична камионска изведба и како кипер, а откако се јави потреба за поголема носивост настанаа прво ТАМ 5000, а потоа и 5500 и 6500 во кои се вградуваше V6 мотор со 125 KS заради што имаа поширока муцка. За извоз се произведуваше и верзија со носивост од 4 тони и ознака 4000 за да се намалат оптоварувањата на моторот од кој се очекуваше да работи во тропски услови – првиот контингент беше испратен во Индонезија во 1964 година. Во седумдесеттите години се премина на ново означување во кое првата бројка ја покажуваше максималната сила а втората вкупната тежина, а малку беше дотеран и изгледот. Иако застарена, издржливата конструкција, ниската цена и бројните практични изведби го задржаа во производство до 1984 година. На овој модел отпаѓа повеќе од половината од сите возила произведени во TAM.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *