Tags:
Сигурносните појаси се поважни од воздушните перници

За една наша глупа навика

» Имаме глупа навика која мора да ја искорениме – не ги врзуваме сигурносните појаси. Некој од една глупа, друг од друга поглупа причина а скоро сите мислиме дека воздушните перници ни се доволни. Но не е така – еден тест на ADAC покажа дека за безбедноста на возачот и патниците најважни се исправното седење и врзувањето на сигурносните појаси, додека сето останато (зоните на гмечење, заштитниот кафез, воздушните перници…) има полна ефикасност само со тоа. Возачот или патниците кои не е врзани, посебно пониските лица, совозачот кој ногата ја има качено на арматурната табла, детето кое назад не е ставено во прописно седиште – сите тие ризикуваат тешки повреди и во најсовремените автомобили. Тестирањето на ADAC спроведено според EuroNCAP стандардите при брзина од 64 km/h со 40-отстотно преклопување покажа дека при фронтален судар ако патниците се врзани и исправно седат ќе поминат неповредени, додека во спротивен случај доживуваат тешки и опасни по живот повреди. Затоа, памет во глава за да не останеме без неа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *