Среќна нова година со нови цени на горивата
» Регулаторната комисија со нови цени на горивата ни ја честита новата година – во неа влегуваме со за 1,50 и 2,00 денари повисоки цени. Според нивната одлука, од ноќеска на полноќ за литар бензин 95 ќе плаќаме по 79 денари, за литар 98-октански бензин по два повеќе, а за литар дизел по 81,50 денари.